Категории

Најголемото луксузно еко одморалиште во светот

Компанијата “Eco Resort Group”, со седиште во Дубаи, ги откри плановите за изградба на најголемиот еколошки комплекс за одмор во светот.

“Oasis Eco Resort” ќе биде сместен во Лива, јужниот регион на Обединетите Арапски Емирати, а отворањето е предвидено за 2020 година.

Една од причините зошто ова одморалиште се наоѓа токму во ОАЕ е прогнозата дека до 2021 година Емиратите ќе угостат 45 милиони луѓе, од кои 31 милион ќе бидат интернационални туристи.

За изгледот на одморалиштето задолжена е компанијата “Baharash Arhitecture”, која го осмисли дизајнот со езеро во средиштето на комплексот. Апартманите и заедничките простории ќе бидат распоредени околу изворот кој ќе претставува мирна оаза и срце на одморалиштето.

Дизајнерот и основач на компанијата “Baharash Arhitecture”, Бахараш Бахреин, наведува дека дизајнот произлегол од локалната традиција.

“Во многу рана фаза на проектот, дознавме дека можеме да извлечеме подземна вода користејќи длабок бунар. Тоа ни овозможи да формираме приказна околу изворот, кој бил од големо значење за бедуините кои вршеле трговија и транспорт на роба”, вели Бахреин.

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu3

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu4

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu5

Луксузното одморалиште ќе содржи вкупно 84 апартмани, а секој поседува тераса со неверојатен поглед.

Еколошкиот бенефит од одморалиштето подразбира рециклирање на отпадните води со цел наводнување на земјиштето, 157.000 метри квадратни под соларни панели, нула емисија на гасови и управување со отпадот на лице место.

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu6

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu7

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu8

najveceluksuznoekoodmaralistenasvetu6650

Прегледи:
417
Објавено на:
07.05.2016