Со цел да го одбележат Денот на ослободувањето на Холандија, настан кој означил крај на окупацијата на државата од страна на Нацистите, холандската фирма „Tosti Creative“ планира да ја направи првата журка на небо.
Идејата е група падобранци да скокнат од авион, над градот Еншед, во источна Холандија, придружени со звучник и да танцуваат на нивен начин, се до местото каде се одржува музичкиот фестивал „Bevrijdingsfestival“.
Целата замисла започнала од шега, велат од компанијата. На почетокот било тешко да се осмисли концептот, поради техничката изводливост при спроведувањето на акробациите, скокајќи со брзина од 200 километри на час. Компанијата обезбеди звучник кој ќе може да се слушне во текот на напливот на воздух.
Засега, нема билети на продажба за оваа журка.