Категории

Препознајте дали сака сериозна врска или само авантура

Без разлика колку и да сме паметни, често имаме проблем со препознавање на намерата на момчето со кое почнавме да се гледаме.

Во продолжение прочитајте како се однесува момче кое сака само попатна забава, а како човек кој сака сериозна врска со нас.

Ако е сериозен: Нема да инсистира првиот состанок да го поминете кај него. Ќе ве покани на пијачка и ќе се обиде да ве запознае колку што може повеќе, а на крајот само ќе ве бакне.

Ако сака само забава: Нема да губи време да ве запознае, туку веднаш ќе сака да ве види во својот кревет.

Ако е сериозен: Ќе ви испрати порака и ќе ве праша кога повторно ќе може да ве види.

Ако сака само забава: Нема да ви се јави по првиот состанок, не затоа што тоа му е тајна тактика туку затоа што не го интересира што работите.

Ако е сериозен: Тогаш има планови или пак ќе се обиде заедно со вас да направи план.

Ако сака само забава: Ќе ве повика во последен момент бидејќи знае дека само тој повик го чекате.

Ако е сериозен: Секогаш ќе има време за вас.

Ако сака само забава: Ќе ви се јави кога има време и ќе се обиде да ве смести во својот “густ“ распоред, бидејќи секако дека има други приоритети.

Прегледи:
460
Ознаки:
·
Објавено на:
10.05.2016