Категории

Лекции кои ќе ги научите откако ќе станете родители

Животните лекции кои ќе ги научите кога ќе станете родители се некои од најважните во животот. Ако веќе сте родители знаете дека тоа е најубавата улога во животот и знаете некои работи да ги цените многу повеќе од порано.

Mоментите за себе претставуваат вистински луксуз

Одењето во тоалет, туширањето и сите останати работи кои вообичаено ги правите сами, наеднаш стануваат вистински луксуз. Секој родител станува свесен за тоа дека моментите кога може да биде сам со себе стануваат сè поретки. Немирните малечки ве следат во секој чекор, па затоа секоја минута на самотија ја цените како вистинско богатство.

Децата не можете да ги контролирате ниту во јавност

Додека децата не почнат да одат и да зборуваат може да ги контролирате, но потоа, станува невозможна мисија. Лутење и плачки за да добијат нешто во продавница и сите слични непријатности кои може да ви ги приредат се нешто што нема да можете секогаш да го контролирате и со што мора да научите да се носите.

Сите знаат подобро од вас

Ако го храните детето со готова храна од тегла, тогаш го убивате со адитиви. Ако им дадете варен зеленчук, ги уништувате сите хранливи материи… и сè така во круг, што и да направите, некој друг знае подобро од вас. Дури и да сте ги прочитале сите книги за родителство, секогаш постои некој попаметен од вас. Трудете се што повеќе да ги игнорирате ваквите коментари и правете го она што мислите дека е правилно според вас.

Вашата мајка не е секогаш во право

Сè додека сами не се најдете во улога на родители, природно е да им верувате на вашите родители, баби и дедовци и да мислите дека тие знаат многу повеќе од вас. Иако имаат добри намери, тие не се секогаш во право, па не мора да ги послушате. Особено доколку воопшто не се согласувате со нив.

Вашето тело се менува

Промените на телото кај жените се забележуваат уште во бременоста, а потоа е потребно многу време за да се вратат на старото тело, Сепак, веќе никогаш нема да бидете исти. Кожата, градите, стомакот, сè наеднаш станува поинакво. Научете да го прифатите телото заедно со новата мајчинска улога во животот.

Во вас се буди нова смисла за хумор

Сè додека немате деца, не сте свесни дека малку чуден хумор има некаде длабоко во вас, Сепак, тој се буди штом децата станат дел од вашето секојдневие. Наеднаш Сунѓерот Боб ви станува интересен и смешен, како и сите шеги кои ги разбираат само децата, сега и вас знаат да ве насмеат. Не се срамете, смеењето, какво и да е, ве ослободува од стресот.

Совршенството е недостижно

Совршенството не постои и не е достижно. Во тоа сигурно многупати се уверивте. Истото важи и кога станува збор за родителството. Не се заморувајте со тоа упорно да се обидувате да бидете совршени родители, сопрузи, домаќини. Само сакајте ги вашите деца и семејството најмногу што можете, а тоа ќе ви даде доволно сила за да направите сè останато.

Прегледи:
376
Објавено на:
10.05.2016