Категории

Погледнете ја новата љубов на Сулејман Величествениот (фото)

Подгответе се за изненадување. Турските медиуми конечно откриле која е новата љубов на славниот Сулејман Величествениот.

Турскиот актер Халит Ергенч, султанот Сулејман Величествениот, по две години се враќа на малите екрани, а медиумите обелоденија која актерка ќе му биде партнерка во новата серија „1918 Измир“. Голем број на обожавателите на Халит се разочарани поради тоа што сите очекуваа дека партнерката во новата серија ќе биде неговата сопруга Бергузе Корел.

Меѓутоа продуцентите се решиле за актерката која воопшто не беше во игра и со тоа приредија витинско изненадување. Имено, сопругата на Халит ќе ја глуми Џенан Ергудер (38) која во „Шехерезада“ ја толкуваше улогата на архитект Еда,  девојка која сакаше да и наштети на Шехерезад.

Халит и Џанан имаат и нешто заедничко: на сетот на „Шехерезад“ двајцата се вљубиле, Халит во Бергузе, а Џанан во Тарду Флордун. И додека љубовта на Халит трае и денес, Џанан и Тарду се разделиле по пет години поради неговите неверства.