Образите на британската бароница Мишел Моне останаа црвени откако таа го замени 22 годишниот Виетнамец со низок раст за дете, па го зеде во прегратки за да се фотографираат.
Британските медиуми пишуваат дека Мишел го завршила говорот пред повеќе од три илјади луѓе кога на сцената и се приклучил 22 годишниот Нгујен Тан Пат за да и подари букет со цвеќе.
Поради неговиот низок раст, бароницата помислила дека се работи за шестгодишно момче, па го крена во прегратки и почна да го гали, а публиката во првиот ред веднаш реагираше барајќи од Моне да го спушти долу.
Медиумите пишуваат дека наводно една жена и довикнала: “Спушти го долу, јас сум неговата жена”.
“Daily Mail” пишува дека Нгујен “бил во ред со тоа и дека целата соба вриштела од смеење”. За се се огласи и Моне која изјави дека ова бил најсрамниот момент во нејзиниот живот.