Категории

Од 1 јуни стапуваат на сила 95 нови фудбалски правила! Некои од нив ќе донесат правда во фудбалот

Интернационалниот одбор на ФИФА најави дека од 1 јуни на сила ќе стапат 95 нови фудбалски правила, односно 95 измени на веќе постоечките правила кои важат во фудбалoт. 

Некои од нив се многу добри за фудбалката игра, но некои се бизарни и несфатливи, а дел од овие големи промени обелодени новинарот Хенри Винтер преку социјалните мрежи:

– Фудбалерот нема да добие црвен картон доколку направи пенал, а прекршокот го направил на топка. Црвен картон ќе добие доколку имал директна намера да стартува врз играчот.

– На фудбалерите не смее да им се укажува лекарска помош подолга од 20 секунди на терен.

– Судиите ќе можат да покажат црвен картон пред почетокот на натпреварот поради тепачка во тунелот. Меѓутоа, играчот кој ќе биде исклучен на ваков начин може да биде заменет, па неговиот тим ќе почне со сите 11 играчи на теренот, освен со него.

– Доколку играчот непрописно го изведе пеналот, судијата ќе му покаже жолт картон, пеналот ќе биде одземен и ќе биде досуден индирект за противничката екипа.

– Фудбалерот кој во текот на натпреварот ќе остане без копачка може да продолжи да игра до првиот прекин на играта. Долниот дел под шорцевите мора да биде во иста боја како и опремата.

– При изведувањето на почетниот удар, играчот може да ја испрати топката во било кој правец посалува.

Новите правила за првпат ќе бидат тестирани на пријателските натпревари на Англија кои ќе бидат како дел од подготовките за претстојното Европско првенство во Франција.

Прегледи:
348
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
10.05.2016