Категории

Рускиот претставник на Евровизија сериозен кадидат за победа (видео)

Иако вчера беше објавен скандалот кој ги стави членовите на руското жири во центарот на светската јавност, обложувалниците се уште го сметаат за фаворит на годинешната Евровизија Сергеј Лазарев.

Правилата за гласењето на „Евровизија“ оваа година се поригорозни од кога било, но иако членовите на жири-комисиите од 42 земји добиле јасни упатства за дозволените и недозволените активности, само неколку часа по одработената генерална проба на првата полуфинална вечер, членовите на руското жири усепале да се најдат во центарот на сериозен скандал.

На „Јутјуб“ се појавила снимка од членовите на руското жири, кои ги гледаат настапите на холандските и на еременските претставници, а во разговорот што следува некој од нив наведува дека на Холандија ѝ дале седум поени, пишува хрватска „Евровизија“.

https://www.youtube.com/watch?v=KPQaAE0vB5o

Прегледи:
398
Објавено на:
11.05.2016