Категории

Индијка на 72-годишна возраст стана мајка

Индијка која се породи на 72-годишна возраст вели денеска дека „не е премногу стара да стане мајка“ и оти нејзиниот живот дури сега е „целосен“.

Далиндер Каур роди машко дете по две години лекување на клиника за плодност во северната индиска држава Харајана. Татко на детето е нејзиниот 79-годишен сопруг со кој се во брак 46 години.

Каур верува дека „Бог ги слушнал нивните молитви“. Таа додава дека сега е полна со енергија и оти нејзиниот сопруг многу и помага околу бебето кое кога се родило имало тежина од 2,5 килограми.

Тоа не е прв таков случај во Индија. Жена од Утар Прадеш во 2008 година роди близнаци на 72-годишна возраст.

Прегледи:
332
Објавено на:
11.05.2016