Категории

Пет работи што веднаш треба да ги избришете од Facebook

Исто како и Google, бизнисот на Facebook е изграден на истиот едноставен дизајн. Нуди бесплатни услуги на корисниците, но тие корисници не се клиенти на Facebook. Клиенти на Facebook се компаниите што плаќаат нивните реклами да бидат објавени на сајтови и мобилни апликации.

Причината зошто Facebook  е толку успешен е затоа што им нуди на клиентите таргет цели за нивните реклами. Зошто? Бидејќи Facebook знае многu информации за корисниците од нивните лични информации и „лајкови“, пишува New York Post.

Тоа е успешен модел што нема во скоро време да се промени. Со користењето на Facebook се согласувате компанијата да ги користи вашите податоци со цел да ви сервира таргетирани реклами. Сè што читате, кликате, „лајкувате“ и така натаму се снима од Facebook и се поврзува со вашиот профил. Како резултат, Facebook дознава повеќе податоци за вас. Но, има неколку работи што можете да ги направите за да ја заштитите приватноста.

Ова се неколку работи што треба да ги избришете:

1. Местото каде живеете

Домашната адреса не би требало да ја пишувате ниту од безбедносни причини, а исто така локацијата игrа огромна улога во таргетирањето на реклами во профилирањето што Facebook го прави за вас.

2. Каде работите

Историјата на работни места или адресата на работа исто така им прави олеснителна работа на Facebook, исто како и претходно домашната адреса.

3. Телефонскиот број

Треба да дадете телефонски број на Facebook, но тоа да не биде вашиот број. Тоа ве изложува на различни начини, значи секој и секаде може да го дознае вашиот број и да ве најде на Facebook. Исто така може да видат податоци за вас во профилот за кои мислевте дека се единствено видливи за вашите Facebook пријатели.

Наместо тоа, користете сервис како Google Voice. Ќе добиете бесплатен број и текстовите ќе бидат препраќани на вашиот вистински телефонски број или мејл адреса.

4. Вашиот роденден

Необјавувањето на роденденот е паметна одлука. Првин, нема да се мачите да ги читате роденденските честитки од вашите 300 пријатели. Исто така, ако некој има пристап до вашиот профил без ваше знаење роденденот е главниот податок за потврда на вашиот идентитет ако се обиде да добие пристап до други сметки.

5. Вашите погледи и интереси

Слободно постирајте што сакате на вашиот ѕид, но Facebook сака да ги знае вашите интереси, политички и религиозни. Со додавање на тие податоци нема да имате придобивки, единствено Facebook дознава какви реклами треба да ви прикажува.

Прегледи:
415
Објавено на:
11.05.2016