Категории

Полицаец видел сиромашно семејство како проси: Ќе заплачете кога ќе видете што направил!

Пред 4 години анонимен повик ја извести полицијата дека еден пар проси на автобуската станица во Ново Мексико. Надвор било преладно, а парот со себе имал мало девојче завиткано во ќебенце.

Полицаецот Хернандез одговорил на повикот и ја открил жалната вест зошто парот проси на ладното време. Пред божиќната ноќ тие откриле дека нивното девојче треба да оди во Денвер на операција на срцето која ќе и го спаси нејзиниот живот.

Осигурувањето ги покривало трошоците на мајката и детето, но на нив им требале пари за билет за таткото.

Лекарските трошкови биле огромни и семејството одвај сврзувале крај со крај. Згора на тоа, таткото не ни помислувал да остане дома и да не биде со своите најсакани во болницата. Иако просењето било казниво, тие немале друг излез.

Допрен од нивната приказна, полицаецот Хернандез се сетил на сопствениот син на кој не многу одамна му била дијагностицирана епилепсија. Она што тој го направил изненадило многу семејства.

Тој не ги казнил воопшто туку напротив, му купил билет на таткото за да може да биде со своето семејство во најтешките моменти, а единствено што побарал од нив е да им се јават после операцијата и да му кажат дали се поминало во најдобар ред.

“Имам искуство од прва рака со едно од моите деца и моите колеги, полицајци, ми помогнаа кога ми беше најтешко, а ова беше прилика да вратам за добрите дела”- изјави полицаецот.

Прегледи:
438
Објавено на:
13.05.2016