Категории

Де Ниро ќе отвори ресторан во Свети Стефан

Во рамки на хотелскиот комплекс Свети Стефан- Милочер, Црна Гора, на 17 јуни ќе биде отворен јапонскиот ресторан „Нобу“ во просторот на угостителскиот објект „Краљичина столица“, а ќе го отвори сопственикот на синџирот ресторани „Нобу“, Нобујуки Мацухиса и легендарниот американски актер Роберт Де Ниро, кој е соосновач, објавија црногорските медиуми.

Отворањето на позантиот ресторан го најавил Јанис Маркогијанис, претставник на компанијата „Адриатик пропертиз“, која е закупувач на овој хотелски комплекс, пренесува порталот „ЦДМ“.

Маркогијанис во интервју за „Дневни новини“ изјавил дека сега се работи на втората фаза на овој развоен проект, а дека изградбата на новиот хотелски комплекс на Краљичината плажа и останатите содржини ќе бидат вложени повеќе од 100 милиони евра во следните три години.

Закупувачот на овој објект ќе гради луксузен комплекс со пет ѕвездички, кој ќе има 60 хотелски соби и 66 апартмани, внатрешни и базени на терасите, спа, библиотека, теретана и бистро кафе.

Прегледи:
357
Објавено на:
15.05.2016