Категории

Видео Мите ја помина првата четвртфинална емисија на „Пинк ѕвезди“

Мите со песни од Адил и Немања во “Ѕвездите на Пинк”

Мите Стоилков е првиот Македонец кој настапи во првата четвртфинална емсиија на саботното шоу “Пинкови ѕвезди”. Мите настапуваше во група со другиот наш Македонец, Адам Лабунски, но и двајцата успеаа да го фасцинираат жирито и да продолжат во следната четвртфинална емисија.

Мите отпеа две песни и тоа “Да се напијем” од Немања Николиќ и “Синови туге”, преработка на Адил од “Esta ausencia”.

– Јао, Мите, можам да те слушам 24 часа како пееш. Ти пееш толку нежно, емотивно. Благословена да е мајка ти што те родила – беше коментарот на Цеца Ражњатовиќ по настапите на нашиот Мите.

Со коментарот на Цеца се сложија и Харис Џиновиќ и Бора Чорба, а за Мирослав Илиќ, нашиот кандидат е од тие кои може беспрекорно да пејат и поп и фолк.

Во продолжение погледнете ги двата настапа на Митe :

 

Прегледи:
374
Објавено на:
15.05.2016