Даниел Кајмакоски има силна конкуренција во ТЛЗП, но и понатаму останува миленик на публиката.
Пејачот влезе во финалето на шоуто како лидер на табелата по бројот на добиени гласови, а воедно изведе и маестрална имитација на Мајкл Џексон.
Синоќешната епизода беше исклучително тешка за нашиот натпреварувач бидејќи освен тоа што требаше да подготви две песни во едно, требаше да се снајде и во движењата кои се специфични за Џексон.
– Беше фасцинантен, сјаен…Пеењето беше феноменално. Секоја чест!, рече Аца Лукас.
Сепак, победник на претпоследната епизода е Каја, со нејзината имитација на Адел. Таа заедно со Даниел, Ивана, Никола и Неша следната недела ќе се натпреваруваат за наградата од 25 илјади евра наменети за хуманитарни цели.
https://www.youtube.com/watch?v=9AoUr7M9Ep8