Категории

Препознајте ги лажговците во 4 чекори!

Додека разговарате со некој сигурно барем еднаш во живот сте се запрашале дали таа личност ја зборува вистината, односно како да бидеме сигурни дека некој не нѐ лаже?

Па, еве неколку совети како да ги препознаете лажговците:

1. Обрнете внимание на движењето со очите
Личноста која лаже, трепка повеќе. Секако постојат луѓе кои природно трепкаат повеќе, но ако ова
трепкање е пропратено и со други знаци, тогаш треба да се замислите.
2. Покривање на лице
Личност која лаже често си ја покрива устата со дланката, како буквално да ја крие вистината. Тоа
може да биде манифестирано со ставање на прстот на усните, како да размислуваат, а всушност
лажат.
3. Често кажуваат „ммм”
Овој сигнал е малку потешко да се припознае како знак на лага, бидејќи многумина ја имаат таа
навика. Доколку личноста на вашето прашање одговара со „ммм”, со тоа сигурно си дава повеќе
време да размисли и секако да излаже.
4. Нивниот говор на тело се разликува од тоа што го кажуваат
Кога луѓето се чувствуваат пријатно, нивното држење е опуштено, додека пак кога лажат тие се
вкочанети и напнати. Обрнете внимание на тие сигнали.

Прегледи:
298
Објавено на:
16.05.2016