Стотици илјади навивачи излегоа по улиците да ги поздрават шампионите во Премиер лигата на победничката парада низ Лестер.
Неверојатната сезона на Лестер заврши вчера со нерешените 1:1 на гости против Челси и денеска тимот на Клаудио Раниери доби херојски пречек во својот град.
Парадата почна во 6 часот по локално време и автобусот со играчите и стручниот штаб помина низ улиците на Лестер за на крајот забавата да заврши во паркот „Викторија“.