Тоа што подолг период се претпоставуваше денес доби и официјална потврда – Лино Червар е нов селектор на македонската ракометна репрезентација!
Комисијата која заседаваше денес во просториите на Ракометната Федерација на Македонија го избра хрватскиот стратег за нов селектор на ракометната репрезентација.
Покрај Червар за селекторското мето конкурираа и Владимир Глигоров, Роберт Хедин, Александар Брковиќ и Жорди Луелјес.
Македонија под водство на Лино Чевар првиот тест ја очекува во јуни во бараж двомечот со селекцијата на Чешка во битката за пласман на СП 2017 во Франција.
Претходно, тренерот на Металург имаше два неуспешни обиди со ракометната федерација за негово промовирање на селекторското столче, па наместо него најпрво беше избран Звонко Шундовски, а потоа и Ивица Обрван.