Категории

Поминал милион милји, па добил нов автомобил од производителот!

Сопственикот на оваа Toyota Tundra, којшто со своето пик-ап возило успеал да помине милион милји (1.6 милиони километри), награден е од фабриката со потполно нов автомобил од истиот бренд.

Американецот Виктор Шепард поминал импресивни милион милји во период од девет години, а годишно, просечно, минувал по нешто повеќе од 110 илјади милји, или 180 илјади километри.

И иако оваа километража звучи прилично импресивно, неговиот пик-ап е сè уште во извонредна состојба, со оригинален мотор и менувач, и сето тоа благодарение пред сè на редовното одржување.

milion-milji-avtomobil-toyota-tundra-02

За 9 години, тој го посетил сервисот 117 пати, главно поради редовна промена на масло и останати делови, чијашто замена самата фабрика ја препорачува после одреден број на изминати километри.

– Пик-апот е во извонредна состојба! Освен неколку ситни оштетувања на каросеријата, тој изгледа како да е нов! Дури и седиштата изгледаат речиси потполно исто како кога го купив, се пофалил Шепард.

milion-milji-avtomobil-toyota-tundra-03

А тимот на Toyota секако не сакал да ја пропушти одличната прилика за добар маркетинг, и на гордиот сопственик како награда му подариле нова Tundra.

Јапонскиот производител изјавил дека за возврат ќе го преземе стариот автомобил со цел истиот да биде расклопен, за да се види како поединечните делови се покажале после милион милји возење.

Прегледи:
395
Објавено на:
17.05.2016