Нокиа во рацете на Foxconn се враќа на пазарот на паметни телефони – финската компанија ќе се обиде да ја врати доминацијата и статусот кој што некогаш го имаше.
Мајкрософт одлучи целосно „да крене раце“ од работата со одделот за паметни телефони на Нокиа и истиот сега е препуштен на компанијата на Foxconn – HMD Global Oy. Овој податок стои на официјалниот блог на Нокиа каде што е објавен и „одговорот на прашањето на кои што сите сакаат да го знаат одговорот“.
Од Нокиа велат дека на HMD на десет години им се изнајмени правата за користење на нивниот бренд на подрачјето на паметни телефони и таблети, а тоа значи дека наскоро на пазарот би можеле да се најдат новите уреди со името на Нокиа која што своевремено беше истиот бренд каков што е моментално Мерцедес во автомобилската индустрија.
Може да претпоставиме дека најновите уреди на Нокиа ќе работат на Андроид оперативниот систем, а од HMD велат дека за овој проект е планирана инвестиција од 500 милиони долари за развој и маркетинг.
За да се сочува вредноста на името на компанијата, во управниот одбор на старо-новата Нокиа ќе седнат некои од старите шефови на финската компанија кои што ќе бидат задолжени за надзор на квалитетот кој се продаваше некогаш под тоа име.
За производство на новите уреди на Нокиа е задолжена втората компанија на Foxconn која што се нарекува FIH Mobile. Треба да се нагласи дека на HMD му се препуштени и сите мобилни патенти кои што досега биле во сопственост на Нокиа, а како што тргнале работите, треба да се очекува дека за една или максимум две години да бидеме сведоци на најновиот обид на Нокиа за враќање на пазарот на паметните телефони.