Категории

Како e настанато BMW „M“ логото?

Кога требало да осмислат лого и амблем за својот спортски оддел, BMW сакале да добијат нешто едноставно, но истовремено впечатливо.

На крајот дошле до решение кое сега е на прв поглед препознатливо за сите љубители на спортските автомобили.

Самата буква „М“ претставува Motorsport и е поврзано со тркачката историја на компанијата, а трите закосени полиња обоени во три различни бои, што даваат посебен печат на логото, имаат своја симболика.

Од лево на десно, првото поле е обоено во светло сина боја која се наоѓа и на главното лого на компанијата, а потекнува од баварското знаме.

Од другата страна црвената боја е поврзана со американската компанија Texaco. Овој нафтен гигант во 70-тите години на минатиот век беше партнер на BMW во натпреварите.

На крај средното поле со виолетова боја го симболизира партнерството на двете компании, а воедно претставува убава визуелна транзиција меѓу двете бои.

Прегледи:
442
Објавено на:
19.05.2016