Минатата година, Адел се врати со нејзиниот трет албум „25“ со кој направи вистински бум на музичката сцена. И поради тоа, на наградите Ivor Novello, посветени на пишувањето и компонирањето на песни, таа ја доби наградата за најдобар текстописец за изминатата година.
Благодарение на нејзиниот албум, таа ја доби и наградата Британски артист на годината, награда за глобален успех, интернационален албум на годината, интернационален женски артист, Британски албум на годината и Британска песна на годината за песната „Hello“. Мошне успешна година за Адел!