Наследникот на „Фиат“ Лапо Елкан (38) ја изненадил со страсен бакнеж холивудската актерка Ума Турман (46) на гала добротворната вечера на „Амфар“ (Американска фондација за истражување за сидата) во Кан.
Италијанскиот бизнисмен Лапо тоа го направил откако на аукцијата ги купил и освоил 200.000 долари вредните билети – за ексклузивната ревија на „Викторијас сикрет“ и за забавата по престижното шоу. Ума ја имала улогата на водителка на добротворната акција.
Откако се објавени фотографиите на која двојката, наизглед, страсно се бакнува, за списанието „Пипл“ се огласи портпаролот на Ума Турман.
– Тоа е најлош вид на опортунизам. Таа не даде никаква своја дозвола, иако на фотогрфиите изгледа како да дала. Тој во својата глава заклучил дека тоа е соодветно однесување. Дефинитивно не беше. Ума е многу несреќна што ова се случи и се чувствува повредено – рекол портпаролот на актерката.