Категории

Бесплатни MS Office обуки за невработени во Seavus едукативниот и развоен центар

Seavus едукативниот и развоен центар во рамки на проект на Агенцијата за вработување на РМ, во наредните неколку месеци ќе реализира бесплатни обуки за MS Office апликации.

Од едукативниот центар ги повикуваат сите невработени млади лица до 29 години кои се евидентирани во системот на АВРМ, да ја искористат можноста и да го унапредат своето знаење преку посетата на обуки за MS Word, Excel, PowerPoint, Accesss и Outlook.

Проектот има за цел подобрување на стручната подготвеност на слушателите со што ќе се зголеми нивната конкурентност на пазарот на труд и можноста за вработување. Обуките ќе се спроведуваат во повеќе градови низ државата, а по завршувањето на истите слушателите освен знаењето и вештините ќе добијат и соодветни сертификати.

Аплицирањето за обуките се врши во Агенцијата за вработување, при што еден кандидат може да ги посетува сите пет обуки, но не истовремено, за што е потребно да аплицира за секоја од петте обуки поединечно.

Прегледи:
515
Објавено на:
25.05.2016