Категории

КУМАНОВЦИТЕ ГО ОСВОЈУВААТ БАЛКАНОТ: Тајзи и Дарко Спејко снимија заедничка песна

Како што веќе претходно најавија, Тајзи и победникот на реалното шоу „Големиот брат“, Дарко Спејко, снимија заедничка песна. 

Нумерата носи наслов „Палимо“ и се очекува да биде нов балкански хит.

– Песната е во весел летен ритам и е дел од мојот втор албум кој ќе излезе оваа година. Продукцијата на оваа песна е дело на Лазар Цветковски, режија на Владимир Дади Ивановски, додека текстот го напишав јас. Новина е тоа што првпат ќе ме слушнете како пеам на друг јазик, односно на српско-хрватски – изјави Тајзи.

2

За песната Тајзи и Спејко снимија и видеоспот на повеќе локации во Хрватска како што се: Сплит, Омиш и Макарска.

Спотот ќе изобилува со атрактивни девојки, а интересно е тоа што во него се појавува и автомобилот од марката „шевролет имала“, поточно автомобилот на големиот Јосип Броз Тито.

Специјални гости во спотот се и Ервин и Мирјана, кои, исто така, учествуваа во реалното шоу „Големиот брат“.

Летово ќе има уште две нови песни и видеа и исто така момците најавуваат и летна балканска турнеја.

Прегледи:
493
Објавено на:
25.05.2016