Поп дивата ја изненади публиката кога среде концерт во Лисабон ги заборави зборовите на својот познат хит „Rolling in the Deep“ и опцу во живо. Но 27-годишната британска хитмејкерка никогаш не се срами да ја покаже и својата човечка страна, па кога ја сфати грешката, ја насмеа публиката шегувајќи се на своја сметка и продолжи со концертот.
Инаку, пејачката е некаде на половина од својата годинешна турнеја која почна од Белфаст во февруари, после Европа летово ќе продолжи низ Северна Америка, за да заврши во Мексико во ноември.
https://www.youtube.com/watch?v=-ER1cmdSOvA