Категории

20 тешки лекции кои треба да ги научиш пред 30

 Животот само што почнал. Нема интервал. Нема пробна верзија. Секоја твоја одлука е битна.

Твоите онлајн пријатели се лажни пријатели. За жал, ова е вистина. На повеќето од нив не им е гајле за тебе и нема да ти помогнат кога ќе ти биде потребно.

Доколку се заљубиш, биди подготвен да ти биде скршено срцето. Тешко е и боли.

Твојата кариера на образование не завршува со матурата. Знаењето е важно. Доколку не сакаш да заостануваш зад другите, продолжи да учиш.

Членовите на твоето семејство се најважните луѓе во твојот живот. Тие се единствените кои се грижат за тебе. Однесувај се добро со нив и цени ги.

Твоите слабости не се битни. Научи да го профатиш ова. Единствено важни се твоите силни страни. Подобри ги.

За сè што е вредно да се направи се потребни години. Не очекувај да ги постигнеш твоите цели премногу брзо. Најверојатно ќе ти треба многу повеќе време отколку што мислиш.

Сите можности за раст се над твојата зона на комфор. Научи се да излегуваш од зоната на комфор.

Не вреди да остануваш во врски кои немаат иднина. Не си го троши времето на работи кои не можат да се поправат. Остави ги и продолжи понатаму.

Светот е полн со неправди. Ќе се соочиш со многу неправди. Биди подготвен.

Среќата ги следи оние кои работат напорно. Добрите работи не им се случуваат на оние кои чекаат. Упорноста и напорната работа се основните предуслови за среќа.

Не постои перфектен момент за почеток. Доколку сакаш да започнеш нешто, делувај. Не чекај подобар момент. Никогаш нема да дојде.

Не можеш да бидеш секаде и да имаш сè. Научи да правиш правилен избор и посвети им се на работите кои се најбитни.

Цени ја секоја личност во твојот живот. Не ги потценувај луѓето.

Искуството и емоциите се твоите најдобри инвестиции. Традиционалните мерки за успех – скапи автомобили и куќи не се повеќе битни. Емоциите, спомените, искуството, знаењето – ова се работите кои се битни.

Подоцна често значи никогаш. Не одложувај ништо. Живеј сега.

Успехот е еднаков на упорноста. Не се предавај. Остани посветен на твоите соништа. Тешко е да се следат соништата, но битката вреди.

Физичките вежби се битни. Грижи се за твоето тело и здравјето. Вежбај редовно и биди во добра форма.

Твоите неуспеси не се важни. Битни се само победите. Затоа, не се плаши од неуспех.

Никој нема да ти помогне. Мораш самиот да си помогнеш.

Прегледи:
455
Објавено на:
28.05.2016