Категории

Епл го купува Тајм Ворнер, го мерка и Нетфликс?

Американскиот гигант Епл планира да ја купи кабелската телевизија на Тајм Ворнер, но размислува и за аквизиција на Нетфликс.

Новата инвестиција на Тим Кук, може да го промени начинот на гледање телевизија.

Епл ја предложи оваа идеја на состанокот на претставниците на компанијата уште минатата година, но идејата до сега не е реализирана.

Весникот „Тајм“ повиквајќи се на анонимни извори тврди дека во тек се преговори за оваа аквизиција помеѓу шефот на Епл, Тим Кук и директорот на Тајм Ворнер, Џеф Бевкес, кои блиску соработувале на многу проекти.

Повикувајќи се и на изјава на банкар кој ја советува компанијата, „Тајм“ пишува и дека за Епл моментално интересен за купување е и американскиот онлајн видео сервис, Нетфликс.

За Нетфликс, Епл моментално треба да извдвои 40 милијарди долари, колку што во моментов чини компанијата, додека за Тајм Ворнер вкупно 80 милијарди.

Прегледи:
420
Објавено на:
30.05.2016