Категории

Автомобил направен од платно!

Јапонците создадоа неверојатен минијатурен автомобил со електричен мотор и со каросерија од водоотпорен материјал.

Мини автомобилот Rimono е создадена за градскиот густ сообраќај е и со димензии само 2.200 mm должина, 1.000 ширина и 1.300 височина.

И покрај малата големина во кабината можат да се сместат двајца возрасни кои седат еден зад друг. Ако е потребно, во задниот дел може да се монтираат две детски столчиња. Главните делови на каросеријата се направени од издржлив водоотпорен материјал, кој обично се користи во производството на различни тенди и завеси. Машината тежи само 320 килограми, а од метал се направени крилата, хаубата, вратите и рамката. Креаторите велат дека во сериската верзија на електричниот автомобил металните делови ќе бидат заменети со специјални пластични со стаклени влакна и тоа ќе доведе до намалување на вкупната тежина на возилото до 200 килограми.

Електромоторот кој го користи Rimono е со моќност од 5 kW. Максималната брзина е ограничена на 45 km/h, за да може машината да се управува и од помали возачи, со дозвола за мопед. Со едно полнење на батеријата на автомобилот може да помине растојание од 50 km. На пазарот е предвидено јапонскиот електричен автомобил да се појави во текот на летото на 2017 година.

Прегледи:
640
Објавено на:
31.05.2016