Категории

Дали е ова навистина можно???

Зарем е можно чаша црвено вино да замени неколку часа мачење во теретана?

Чаша црвено вино на ден e навистина прекрасна работа и треба да ги послушаме постарите кои го пиеле „за крв“, затоа што здравствените предности на ресвератролот, соединение најдено во црвеното вино, се слични на оние кои ги добиваме со вежбање.

Ресвератролот докажано ја подобрува физичката кондиција, работата на срцето и силата на мускулите, на истиот начин како што тие се подобруваат после тренинг во теретана.

Водачот на истражувањето Џејсон Дик заклучил дека овие резултати ќе им помогнат на оние кои не се во можност да вежбаат.

И другите претходни истражувања ги откриле здравствените предности на црвеното вино, како на пример тоа дека чаша црвено вино на ден ја намалува веројатноста за развој на деменција или рак, добра е за срцето и против стареење, а може да го регулира и шеќерот во крвта.

И секако, за крај – чаша е ознака за една чаша, до 2 дцл…не повеќе.

Прегледи:
413
Објавено на:
01.06.2016