Можете да користите и конци и најквалитетни пасти за заби, но ако четката е стара, си правите повеќе штета отколку корист.
Четката за заби би требало да ја менувате 4 пати годишно, тврдат стоматолозите.
Во спротивно, го зголемувате ризикот од кариес и разни проблеми со непцата.
Редовната промена на четката за заби се однесува и на класичната и на електричната варијанта.
По миењето на забите, четката задолжително исплакнете ја со вода и оставете ја да се исуши. Ако капачето го ставите веднаш, полесно ќе се размножат бактериите.
3 совети кои ќе ви помогнат при изборот на совршената четка:
- Барајте четка која има влакна со заоблени врвови, не пресечени,
- Четките со меки влакна се наменети исклучиво за деца, постари лица или оние кои носат протеза,
- Четките со средна острина им одговараат на сите.