BMW Vision е се што би можеле да очекувате од футуристички седан, со карактеристики на спортска кола.
Новиот BMW Vision е дизајниран од дизајнерот Seungmo Lim кој работи за авто гигантот во Минхен. Овој модел е наменет за љубителите на спортски коли, купето со бакарна боја е долго 4,9 метри, а високо е 1,37 метри. Компактно е однадвор, а внатре е луксузно и удобно, што соодвествува со седаните на BMW.
Намерата на BMW е во надворешниот изглед на возилата да внесе топлина и моќност. Заради ова дизјерот во создавањето на моделот одбрал топла боја во бакарни тонови и сјаен финиш, кои одат одлично со мазните линии и интелигентниот сензорски систем. Ова е едноставно убав и моќен автомобил.