Еден постар човек во американската сојузна држава Јужна Каролина се извини откако од основното училиште донел погрешно дете.
Американските медиуми пишуваат дека Џозеф Фалер дошол во училиштето во Јужна Каролина и му пришол на едно момче верувајќи дека тоа е неговиот внук.
Дедото го гушнал детето и го прашал дали е подготвен да тргнат накај дома, на што момечето одговорило дека е, па дури и и потврдило на учителката дека тоа е неговиот дедо.
Фалер ја забележал грешката кога пристигнал дома со погрешното дете, кое веднаш го вратил во училиштето и се извинил.