Ријана ужива под сонцето во женско друштво. Фотографии од тропскиот одмор на познатата пејачка допреа до јавноста откако беа објавени на Instagram од нејзината најдобра пријателка Мелиса Форде.
На дел од нив, 28-годишната ѕвезда од Барбадос позира во црн костим за капење пред објективот на своите пријателки, додека на други, Ријана во розови бикини се релаксира пловејќи во базен на голем надуен лебед.
Претходно, на Snapchat беа споделени кратки видеа на кои Ријана плови на лебедот и едно на кое паѓа од него.