Новак Ѓоковиќ, светскиот број 1, убедливо го победи Енди Мареј, светскиот број 2, во финалето на Ролан Гарос. Првиот сет успеа да го освои Мареј со 6:3, но понатаму Ѓоковиќ го покажа своето вистинско светло и зошто е најдобриот тенисер. Останатите сетови ги освои со 6:1 6:2 6:4.
Со ова Ѓоковиќ ги комплетираше сите четири Грен слем турнири, односно го освои Кариерниот Грен слем. Претходно ваков успех имаат направено Федерер и Надал, а на Ѓоковиќ 3 пати му бегаше Ролан Гарос во финалето. Ова е 12та Грен слем титула за Ѓоковиќ и го брка Надал кој има 14. Федерер е пред нив со 17. Моментално Ѓоковиќ е победник на сите 4 Грен слем турнири од минатата и ова година. Што се однесува до Мастерс турнирите кои се следни по ранг, му недостасува само Синсинати. Новак летово во Рио ќе се натпреварува и за олимпиското злато – најголем успех му е бронза во Пекинг.
Мареј има само две Грен слем титули и ова за него беше прво финале на Ролан Гарос. Мареј игра одлично но поради Ѓоковиќ, Надал и Федерер, многу финалиња не можеше да ги освои – како и денешното.
Извор : mktenis.mk