Категории

Синоќа на Скопје му се ”случи” Дејвид Гета! Погледнете ја галеријата со 100 фотографии од настанот 

Синоќа се одржа Skopje Calling, каде што настапија светските диџеи Робин Шулц и неверојатниот Дејвид Гета. Тие приредија незаборавен перформанс од светски калибар на задоволство на сите оние кои беа присутни во арената Филип II.

 

Сè одеше според планот, па и двете ѕвезди како вистински професионалци се појавија во времето во кое и ветија. Најпрво публиката се загреа со музиката на Bobi & Branchez како и Kungs, додека Робин Шулц започна во 22 часот. Иако трибините беа празни, стадионот пред бина беше преполн, а во 12 часот веќе сите скокаа во ритамот кој и тоа како ја расположи публиката. Точно на полноќ се појави ѕвездата на вечерта,  хитмејкерот и еден од најдобрите диџеј во светот, Дејвид Гета!

Атмосферата се вжешти, луѓето „полудеа“, а забавата беше на врвно ниво, придружена со ласерски и светлечки ефекти. Ги слушавме едни од најголемите хитови: „Play Hard“, „Dangerous“, „Hey Mama“, „Without you“ и уште многу феноменални миксови од најпознатите странски музичари. На крај кога заврши, публиката не можеше а да не го повика повторно. Илјадниците млади желни за уште забава, во еден глас извикуваа: We want more, а Гета повторно им се врати на плочите за на крај да заврши со „Titanium“.

Над 15.000 луѓе уживаа до раните утрински часови. По Гета се појави Албанката Ера Истрефи, која стана популарна со песната „BonBon“, а по неа настапи  локален диџеј. Синоќешниот настан ќе остане во сеќавање, додека ги очекуваме следните големи имиња кои ќе ги носи Авалон продукција.

Погледнете ја галеријата од 100 фотографии, кои ги направи тимот на Среќа МК …

Прегледи:
794
Објавено на:
06.06.2016