Во сабота, на 04 јуни 2016 во Свети Николе се одржа третиот по ред мото собир, организиран од Мото клубот Свети Николе. Членовите на мото клубот и оваа година беа на висина на задачата и покажаа и докажаа дека се организирани како братство, што можеше и да се види од почитта која ја добија од многуте мото клубови кои ги посетија. Во градот беа присутни моторџии од многу земји, а граѓаните имаа ретка прилика да присуствуваат на еден убав настан.
Собирот беше поддржан од Општина Свети Николе, Меѓународниот Славјански Институт, повеќе локални стопанственици и медиуми. Затоа што културните настани во градот на Свети Никола и Овче Поле се вистинска реткост, со овој настан кој веќе прераснува во традиција, Овчеполци ретко ама квалитетно добиваат можност да уживаат заедно со посетителите од Македонија и странство.
Разгледајте ја галеријата: