Хана Али, ќерката на боксерската легенда Мухамед Али, на социјалните мрежи објави емотивни семејни фотографии во чест на својот татко кој почина на 74 годишна возраст.
“Нашиот татко беше ‘скромна планина’ од човек, а сега си отиде дома кај Бог. Молете се за мир на неговата прекрасна душа и за среќа во неговите понатамошни патувања. Бог да те благослови, тато. Ти си љубовта на мојот живот”, напиша Хана Али на Твитер.
На семејните фотографии кои ги објави на Инстаграм се гледа легендарниот боксер во моментите кои ги поминувал со своето семејство. Тука се и неколкуте фотографии објавени неколку недели претходно.
Мухамед Али во четвртокот беше примен во болницата во Феникс поради респираторни проблеми, а почина еден ден подоцна. Зад себе остави четири брака, од кои имаше девет деца и големо семејство.