Денес Смит има 26. години. Во емисијата “Опра: Каде си сега?”, раскажал колку му било чудно да оди на колеџ на таа возраст.
Иако останатите студенти биле речиси двојно постари, Смит вели дека не бил отфрлен. “Имав многу пријатели на колеџ и се дружев со многу луѓе во својата програма”, вели тој.
“Имав многу пријатели и на моја возраст, што мислам дека е многу важно”, додава тој. “Мислам, сигурно бевме на различни нивоа, но сакавме исти работи како што е спорт, излегување и забава”.
Иако некои делови од неговото детство биле нормални, други деца сигурно не гостувале во емисии како “60 мinutes”, “Late Night Show”, и “Oprah”. Познат како “дете гениј”, Смит предизвикувал медиумско внимание кон крајот на 90-тите. “Луѓето секаде ме препознаваа”, вели тој.
Кога неговото интервју во “Oprah Show” било емитувано, Смит вели дека сите мислеле дека серверите во неговото училиште ќе паднат бидејќи неговата e-mail адреса била полна со мејлови за таа епизода. “Тие едноставно не можеа да го поднесат константното бомбардирање на луѓето кои беа заинтересирани за мојата приказна”, вели тој. “И тоа беше неверојатно, тоа ласка, беше неверојатно да се биде дел од тоа”.
Тој бил номиниран за Нобелова награда за мир пет пати поради својата добротворна работа во кампањите за правата и безбедноста на децата.
Кога станува збор за кариерата. Смит е сега на постдокторски студии на “Mount Sinai”, каде студира стохастички гени. Едноставно кажано, тој вели дека неговата цел е “да прави подобри лекови”.
“Па, дали во твое време ќе го лечиме ракот?”, прашала Опра.
“Тешко е да се одговори на тоа прашање. Мислам дека е можно во мојот живот да бидеме во состојба да развиеме ефикасни терапии за некои видови на рак”, одговорил Смит.