Категории

Лондон го доби првиот нудистички ресторан

Влера во Лондон се отвори The Bunyadi, првиот нудистички ресторан во оваа метропола. Ресторанот промовира руралност и враќање кон корените, локал каков што не постоел досега.

Имено, во ресторанот нема електрични светла, туку свеќи. Нема да биде дозволено внесување на мобилни телефони, а во поголемиот дел од локалот гостите ќе јадат сосем голи.

2

Според нивната веб страница, ресторанот ќе понуди соблекувална за да може гостите кои ќе сакаат да вечераат голи, да ги остават алиштата.

Секоја маса е оградена со преграда од бамбусови трски, така што вашето голо тело за време на оброкот ќе го гледаат само оние со кои ја делите масата.

3

Ресторанот стана толку популарен од неговото најавување, што моментално има листа за чекање од преку 44.370 луѓе, па оние што сакаат да го посетат, доколку резервираат денес, ќе имаат можност тоа да го направат за околу 2-3 месеци.

Прегледи:
355
Објавено на:
09.06.2016