Барак Обама во повеќе наврати се покажа како најкул претседател што Америка некогаш го имала, а може да се каже е еден од најдобрите претседатели и во светски рамки.
Тој ја одбројува последната година од неговиот втор мандат како претседател, a според повеќе анализи се покажа како успешен претседател. Во неговото гостување кај Џими Фалон тој ги израпува неговите успеси и промените кои и ги донесе на Америка, а можеби најважната промена и најзначајна е законската можност за истополови бракови на целата територија на САД. Исто така во неговиот мандат е зацврстена економијата, подобрено е здравството, намалена е невработеноста.
За претседателската работа напоменува дека не е шала и не е реално шоу, алудирајќи на претседателскиот кандидат Доналд Трамп, за кој многумина велат дека не смее да стане претседател.