Категории

Маскотата на ЕВРО2016 има исто име како и популарно сексуално помагало

Европската фудбалска федерација УЕФА се најде во многу непријатна ситуација, откако се покажа дека официјалната маскота на штотуку започнатиот континентален шампионат во Франција – Супер Виктор има исто име како и популарно сексуално помагало.

УЕФА се надева на значителен приход од продажбата на маскотата за ЕВРО2016, мало момче во спортска опрема со наметка карактеристична за супер хероите, но сега.

Меѓутоа, потенцијалните купувачи се соочуваат со изненадување кога ќе ја побараат маскотата преку интернет продавниците, и наместо маскотата им се нуди сексуална играчка.

За името на официјалната маскота на европското првенство, покрај Супер Виктор (Super Victor) во игра беа уште две имиња – Голикс (Goalix) и Дриблу (Driblou).

На крајот победи Супер Виктор собирајќи 51.781 глас, па следеа Голикс со 29.331 и Дибрлу со 26.678 гласови на љубителите на фудбалот.

Официјалната маскота на Европското фудбалско првенство Франција 2016 беше претставена ланскиот 18-ми ноември во Марсеј точно една година откако беше избрана но беше безимена, на обновениот стадион „Велодром“, пред пријателскиот натпревар на Франција со Шведска.

Сега во главната европска фудбалска организација се непријатно изненадени, откако открија дека името Супер Виктор го носи и едно популарно женско сексуално помагало.

„Сé што можеме да кажеме е дека УЕФА не ги произведува тие играчки порачаа од организацијата.

Извор: Макфакс

Прегледи:
426
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
12.06.2016