Категории

Два прозорци во една ноќ

9539853511_5de4424867_b

Со месеци навечер пред спиење фрлав поглед кон еден осветлен прозорец од една висока кула на ридот од другата страна на реката. Понекогаш и со часови стоев до мојот прозорец и гледав таму. Светлината што доаѓаше од таму иако далечна ме заслепуваше, небаре самата месечина дошла на прозоров да ми биде друшка во тивката ноќ. Стоев и гледав. Само јас, месечината и осветлениот прозорец од кулата. Безброј ноќи ги поминав со помислата да сум таму.. Да можев некако да појдам, барем само скришум да ѕирнам. Само еднаш да можев да ја видам светлината одблизу па макар ослепела за навек. Со милни очи ја гледав месечината, со поглед ја молев да ми помогне.. но и пред да успеам да изустам и збор, таа се криеше позади некој облак црн. Се завиткуваше целата и молчеше. Незнам дали од сожалување, од прекор или срам.. Но јас не се откажував. Стоев , гледав и чекав во тишина. Бессони ноќи поминав.. многу студени утра дочекав. И секоја ноќ повторно и повторно застанував до мојот прозорец и гледав таму. Се додека една ноќ не ја загубив таа навика. Кога поткаснувајќи ја долната усна сфатив дека секоја проклета ноќ светел и соседниот прозорец..

Прегледи:
572
Објавено на:
12.06.2016