Животни вистини кои можеби ќе ви го сменат животот – на подобро. Овие вистини може за миг да ве замислат и да ве натераат да го подобрите вашиот живот уште денес.
Сè што сакате да остварите почнува со само една мисла. Кога еднаш границите на мозокот ќе се прошират, не постои можност да се вратат во првобитната состојба.
Не постои сон кој не може да се оствари доколку доволно го посакувате. Не стравувајте од неговата големина, бидејќи вашите соништа се пропорционално големи колку и вашата способност за нивно остварување.
Вие поседувате подарок за светот кој мора да го подарите и споделите со сите останати луѓе на планетата, а тоа е вашиот талент.
Вие сте родени за да живеете успешно, со добра благосостојба и неограничена љубов. Сето тоа зависи од вашиот начин на размислување.
Факт е дека секогаш го чекаме вистинскиот момент за да направиме нешто бидејќи се плашиме. Бидете првите кои ќе го направат сегашниот момент оној вистинскиот.
Едноставните, ситни чекори кон вратата на успехот ќе се претворат во џиновски кога еднаш ќе зачекорите после нејзиниот праг.
Вашата интуиција е вашето внатрешно GPS.
Не е морално секогаш да ги знаете одговорите на прашањата – како, кога и зошто. Едноставно реагирајте инстинктивно. Одговорите сами ќе дојдат.
Магијата постои, исто како и вашиот животен сон. Само треба безрезервно да верувате во нив и ќе се уверите во нивното постоење.
Секогаш постои некој што ве сака, поддржува и се гордее со вас, а вие воопшто не го забележувате.
Вербата е спасение. На што инаку би се потпирале во тешките моменти доколку не верувате во ништо?
Забавата е важен дел во животот. Никогаш не заборавајте повремено да го будите детето во себе.
Секој ќе ве повреди во животот, само треба да го препознаете тој што е вреден за претрпената болка.
Втора шанса е важна само кога си ја давате себеси!