Категории

Македонски милионер: Освои џек пот вреден 1.344.472 денари на Државна видеолотарија

Од први јуни годинава Државна видеолотарија на Р. Македонија воведе две нови добивки МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и МИНИ ЏЕК ПОТ. По само две недели од активирањето, првиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вчера падна во рацете на скопјанецот Ивица А. во вредност од  1.344.472 денари.

Ивица во потрага по забавата, со влог од 30 денари успеа да заработи одлична добивка и стана милионер. Неговото семејство со задоволство веќе го изготви планот како ќе бидат потрошени среќните пари.

Чекот за МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во вредност од  1.344.472 денари денеска му го доделија Македонскиот шампион во автомобилизам, Игор Стефановски Иџе, заедно со екипата на Државна видеолотарија на РМ.

Првиот човек на Државна Видеолотарија , Дане Кузмановски истакна дека новитетите кои ги воделе во игрите на среќа веќе вродиле со плод.

– Луѓето ги препознаа, не препознаа нас како општествена одговорна компанија, која што огромен дел од својот профит го одделуваме за ранливите категории, образованието, спортот, наука,медицина, итн. Да им помогнеме на сите оние кои што им е неопходна таа помош. Се надевам дека од друга страна успеваме да ги задоволиме нашите играчи со вакви убави награди, рече Кузмановски.

Тој додаде дека од почетокот на активирањето на добивките ЏЕК ПОТ, кај деловните соработници на Државна Видеолотарија , на први јуни годинава, досега се освоени 199 МИНИ ЏЕК добивки, плус најочекувана добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, која е освоена вчера.

-Ова е фантастична прилика за забава и можности за добивки, за сите кои сакаат игри на видеолотариските терминали, рече Кузмановски.

Добивките ЏЕК ПОТ се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.500.000 денари.

Прегледи:
740
Објавено на:
16.06.2016