Категории

Предмети што никогаш не треба да ги оставате во автомобилот

Примарната намена на вашето возило е за транспорт, не за складирање на предмети. Сепак, секој од нас знае да остави нешто во автомобилот. Но предметите на оваа листа не треба никогаш да ги оставате во возилото – може да си наштетите на здравјето и безбедноста. 

Лекови

Повеќето лекови треба да се чуваат на собна температура или на суво и темно место, а кога автомобилот не е во употреба, ниту еден од овие услови не се исполнува. Температурата во автомобилот може да го измени хемискиот состав на лекот – можеби нема да ви наштети директно, но со сигурност ќе ги направи помалку ефективни.

Електроника

2

Компјутери, таблети, USB и телефони се примамливи за крадците – па дури и да не се на видно место, ако некој ви провали во автомобилот, ќе се усреќи, а покрај тоа што финансиски ќе ви наштети, ќе бидат загрозени и вашите лични податоци.

Крема со заштитен фактор

3

Иронично, главната состојка на кремите за заштита од сончевото зрачење, се разградува кога изложена на високи температури. Оставање на шишенцето во автомобилот во лето, ќе ја намали ефективноста на кремата, а може да се случи и да експлодира шишето – па да бидете оставени со хаос што треба да го чистите.

Пластично шише

4

Пластичните шишиња од вода, оставени во топол автомобил, пуштаат хемикалии што се поврзуваат со загрозувачки здравствени состојби, па дури и рак. А кога станува збор за полно шише, ако подолго време го оставите, ќе развие микроорганизми.

Чанта со лични документи

5

Оставање на чанта или актовка во автомобил, е како знак за повикување на крадци. Дури и да немате пари во истата, личните документи како пасош и други вредни лични податоци, се ранливи и во опасност за губење.

Вино

6

Сте купиле вино за дома или на гости уште наутро, па сте го оставиле цел ден во автомобилот, сè додека не ви притреба. Ова никако не треба да го правите бидејќи високата температура ќе го загрее шишето и ќе го измени вкусот на виното.

Очила за сонце

7

Никако не ги заборавајте очилата за сонце во автомобилот – топлината може да ја смени формата на пластичните рамки или да ги прегрее металните, пишува Reader’s Digest.

Прегледи:
469
Објавено на:
18.06.2016