Категории

Зошто мачките често гледаат во вас?

Тешко е да се игнорира вашиот миленик кога без да трепне гледа во вас.

Ова е вообичаено однесување кај мачките, но зошто тоа го прават?

Кај луѓето, постојаното гледање и посматрање се смета за непристојно однесување. Меѓутоа, постои причина зошто и мачките, па и ние гледаме во работи или личности.

Таквото однесување укажува на силен интерес.

Мачката најчесто гледа во вас затоа што сака нешто за јадење и верува дека, ако гледа во вашите очи, ќе ве натера да го направите тоа што таа го сака – да и дадете храна.

Понекогаш тој долг поглед е проследен со низа отварања и затварања на едното око. Мачките тоа го прават од повеќе причини, така на пример внимава на предаторите.

Без разлика колку вашата мачка да ве смета за „практичен извор на храна“, таа веројатно гледа во вас и затоа што вие сте центар на нејзиниот универзум. Таа сака да е во ваше присуство, надевајки се, на пример, на омилената закуска.

Прегледи:
411
Објавено на:
18.06.2016