Категории

ВКУСНИ НИСКОКАЛОРИЧНИ КОКТЕЛИ ЛЕСНИ ЗА ПОДГОТОВКА

Лето е, топло е, време е за коктел! Ако одбегнувате коктели поради калориите кои ги содржат, не грижете се – следниве коктели не само што се нискокалорични, туку и ја намалуваат тежината.

Капини и портокал

Состојки

  • Капини
  • Портокал
  • Цимет
  • Вотка
  • Шампањ

Начин на подготовка

Изгмечете 5-8 капини и ставете го добиениот сок во шејкер. Исцедете пола портокал (или цел доколку портокалот е помал) и потоа додадете го во шејкерот. Потоа, во шејкерот ставете 4 лажички цимет, една доза водка и четири коцки мраз и мешајте околу 30 секунди. Добиениот напиток ставете го во чаша за шампањ или друга висока чаша, одозгора дотурете бел шампањ и украсете со парчиња портокал и неколку малини. Уживајте во освежителниот, вкусен и нискокалоричен напиток.

2

Зелена магија

Состојки

  • Зелен чај
  • Ливчиња нане
  • Краставица
  • Лимон
  • Обичен сируп за коктели
  • Водка

Начин на подготовка 

Во помало тенџере ставете две чаши вода да се сварат, потоа додадете една ќесичка зелен чај. Оставете да отстои 3-5 минути, а потоа ставете во фрижидер да се олади. Пресечете 3-5 парчиња краставица и помешајте ги со 5-7 ливчиња нане во шејкер. Потоа, додадете две лажици свежо исцеден лимонов сок. Додадете половина доза вотка и една лажица од сирупот за коктели. Мешајте 30 секунди и потоа ставете мраз. На крај додадете го зелениот чај. Декорирајте со парчиња лимон или краставица и со ливчиња нане. Освежителен напиток кој разладува и ќе ве направи повитки.

3

Освежување со калинки

Состојки

  • Грејпфрут
  • Калинка (или сок од калинка)
  • Босилек
  • Вотка
  • Минерална вода
  • Обичен сируп за коктели

Начин на подготовка

Во шејкер ставете ⅓ шолја со зрна од калинка и гмечете ги додека не престане крцкањето (ќе слушнете). Потоа, исцедете пола грејпфрут и додадете го сокот во шејкерот. Нежно скинете три ливчиња босилек и додадете ги во шејкерот. Потоа, ставете една лажичка обичен сируп и една доза водка. Додадете неколку коцки мраз и мешајте. На крај додадете кисела вода и украсете со парче грејфрут, босилек и неколку зрна калинка. Уживајте во овој неверојатно освежителен уништувач на калории.

4

Прегледи:
752
Објавено на:
18.06.2016