Категории

Боли, многу боли. Барем мене ме болеше.

2015-08-08-1439027274-4835822-sunsetsummerbeautygoldenhour

Се плашиш дека еден ден ќе ти ја изгорам душата. Сакаш да знаеш како изгледа тоа?

Нема да се случи се додека е тивка. Се додека е рамнодушна и осамена. Се дотогаш ништо нема да и се случи. Се додека дише тивко, бавно и безлично се дотогаш ништо нема да и се случи. Оти животот е зол казнувач. Тој нема да ја земе таква уморна, збрчкана и нема. Ја зема оној миг кога од живот блика. Кога е најгласна. Мене тогаш ми ја зема. Ми ја отргна од телото со голи раце и ми ја здроби на ситни парченца.

Таман бев навикнала на среќа, се научив да се смеам на глас. Телото ми беше спокојно со мирна душа во него. Полни гради љубов, полно срце среќа, а душата царува! Беше како созреано зрно грозје. Блага, сочна, мазна. Набабрила што од среќа, што од горделивост. Горда што во себе носи толку радост и убости.

Еден ден распука. Некој ја скина. Ја отргна од телово и ми ја распарчи. Ја стегаше, ја раздроби меѓу прстите а она се разлеа капка по капка. Онаму каде капеше испари се, не остана ништо од убоста. Остана само црна дупка.

Затоа, ако се плашиш дека некогаш ќе ти ја распарчам душата, знај дека нема. Јас знам како е и никогаш не би ти го сторила тоа. А и не ја сакам одмаздата.

Дали боли? Сакаш да знаеш дали ќе боли? Боли, многу боли. Барем мене ме болеше…

Белешките на една Алиса.

 

Прегледи:
605
Објавено на:
18.06.2016