Хана Хаџиавдагиќ – Табаковиќ е една од најпознатите босански тв водителки, а во регионот е позната како босанска Парис Хилтон.
На друштвената мрежа Instagram ја следат 103.000 луѓе, а нејзиниот хаштаг #ПовторноНајубава (#OpetNajljepša) помеѓу следбениците има речиси култен статус.
A photo posted by Hana Hadžiavdagić-Tabaković (@hana_hadziavdagic) on
Хана десет години ја водеше својата авторска емисија Red Carpet, којашто и ја прослави. Меѓутоа, во 2013-та година емисијата згасна, а Хана својата кариера ја продолжи на друга телевизија. И се чини дека за оваа млада дама парите никогаш не претставувале проблем, а се проценува дека нејзиниот гардеробер е тежок колку и едно Bentley.
Во Босна и Херцеговина ја нарекуваат домашна Парис Хилтон, а популарната водителка вели дека тоа е поради сличниот начин на живот којшто го воделе, бидејќи Хана од својата 17-та па до 25-та година проживеала онолку колку што некои не проживуваат ниту до својата 80-та.
A photo posted by Hana Hadžiavdagić-Tabaković (@hana_hadziavdagic) on
Хана е горда со својот живот и вели дека никогаш ништо не би променила. Учествувала во две ријалити програми и заработила толку пари што некој не успева да заработи ниту за многу години. Бурниот живот на контроверзната водителка го следат и повеќе скандали, а во една прилика таа изјави и дека била во врска со жена.
A photo posted by Hana Hadžiavdagić-Tabaković (@hana_hadziavdagic) on
Хана е позната и како жена без влакна на јазикот, сурово искрена, и со новинарите на интервјуата разговара потполно отворено. И за неа не постои никаков поинаков начин. Таа се омажила пред пет години, а иако вели дека покрај себе го има совршениот човек, свесна е дека не постои такво нешто како совршен брак, како и тоа дека на секоја врска мора многу да се работи.
A photo posted by Hana Hadžiavdagić-Tabaković (@hana_hadziavdagic) on
Од својата работа таа живее сосема добро, а популарноста е до таа мера голема што огромен број на следбеници секојдневно и испраќаат бројни подароци на домашната адреса – од козметика до облека и чевли.