Категории

Познати сите парови во осминафиналето од ЕУРО 2016

По конечниот расплет во групната фаза на Европското првенство, конечно се дојде до одговорот кој од третопласираните екипи ќе игра во осминафиналето и кои ќе бидат паровите во првата рунда од нокаут фазата.

По конечниот епилог во групата Е се разрешија сите дилеми. Албанија и Турција како најлоши третопласирани екипи нема да учествуваат во нокаут фазата, а како најголеми губитници се покажаа Хрватска и Исланд.

Хрватска вчера ја совлада Шпанија и заврши како првопласирана во групата, но во осминафиналето наместо „лесен“ противник ќе игра против незгодната Португалија која се уште нема победа на турнирот, додека Исланд со победата над Австрија денеска во последните секунди си направи „мечкина услуга“ со оглед на тоа дека ќе игра против репрезентацијата на Англија.

Дерби се очекува да биде и дуелот на британските репрезентации Северна Ирска и Велс, а натпреварот кој ќе привлече најголемо внимание е репризата од минатото финале на ЕП, дуелот меѓу Италија и Шпанија.

Она што е интересно е фактот што едниот дел од костурот на ждрепката делува далеку понеатрактивен, додека вториот дел ќе биде вистински пекол.

Сите двојки во осминафиналето:

Швајцарија – Полска (сабота 25. јуни 15:00 часот)

Велс – Северна Ирска (Сабота 25. јуни 18:00 часот)

Хрватска – Португалија (Сабота 25. јуни 21:00 часот)

Франција – Република Ирска (Недела 26. јуни 15:00 часот)

Германија – Словачка (Недела 26. јуни 18:00 часот)

Унгарија – Белгија (Недела 26. јуни 21:00 часот)

Италија – Шпанија (Понеделник 27. јуни 18:00 часот)

Англија – Исланд (Понеделник 27. јуни 21:00 часот).

Прегледи:
442
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
23.06.2016